Соопштенија

Конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2018 година

Oрганизацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“, врз основа на Одлуката за објавување Конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2018 година, објавува

КОНКУРС
за доделување на наградата
„Рациново признание“ за 2018 година

Наградата „Рациново признание се доделува за прозни, литературни остварувања, на автори од Република Македонија, објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои во периодот од јуни 2017 до април 2018 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата во три примероци се доставуваат на адреса: Општина Велес, со назнака за Културна манифестација „Рацинови средби“, ул. Панко Брашнар бр.1, 1400 Велес во периодот до 20-ти мај 2018 година.

Претседател
на Организациски одбор
на културната манифестација „Рацинови средби“
Аце Коцевски