Соопштенија

КОНКУРС За доделување на наградата „Антологија на болката“ за 2018 година

Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“, врз основа на Одлуката за објавување конкурс за доделување на награда „Рациново признание“ за 2018 година, бр. 08-2156/1, од 20.04 2018 година, објавува

КОНКУРС
За доделување на наградата „Антологија на болката“ за 2018 година

Наградата „Антологија на болката“ е награда на културната манифестација „Рацинови средби“ за најдобра електронска картичка со љубовни стихови објавена на социјалната мрежа Фејсбук.
Целта на наградата е афирмација на лириката на Рацин и неговата практика најубавите лирични стихови да ги создава и испраќа на поштенски картички.
На конкурсот за наградата можат да учествуваат сите граѓани корисници на социјалната мрежа Фејсбук.
Електронските картички со лирична поезија покрај објавата на социјалната мрежа Фејсбук, треба да се достават по пат на електронска пошта на адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 20 мај 2018 година, до 15:30 часот.
За наградата на конкурсот ќе одлучува стручна жири-комисија.

Претседател
на Организацискиот одбор
на Културната манифестација „Рацинови средби“
Аце Коцевски