Соопштенија

Честитка по повод 1 Мај -Меѓународниот ден на трудот

Почитувани граѓани,

Со искрена благодарност за Вашиот придонес кон развојот на поубав и понапреден Велес, во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес Ви го честитам 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот. Вашиот труд и посветеноста во работата се најголеми вредности и двигатели на иднината на Велес и Македонија.

Ви посакувам многу успеси во сите предизвици и благосостојба за Вашите семејства. Оваа година нека ни биде поттик за нови постигнувања и заеднички придобивки во интерес на целата заедница.

Со почит,

Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски