Соопштенија

Покана по повод 9 Мај -Денот на Европа

По повод одбележувањето на 9 Мај-Денот на Европа, Општина Велес Ве поканува заеднички да го одбележиме 68-от роденден на Европската Унија.  

Празникот ќе биде одбележан со следната програма:

9 Мај 2018 (СРЕДА)

12:00

-          Обраќање на Градоначалникот Аце Коцевски

-          Фудбалски натпревари помеѓу екипите на средните училишта: СОУ Гимназија „Кочо Рацин“, ССОУ „Коле Неделковски“, ССОУ „Димитрија Чуповски“ и ОСУ „Јовче Тесличков“

Градски стадион

12:30

-          Претставување на земјите членки на ЕУ (Полска, Франција, Романија, Хрватска и Словенија). Обележјата, културата и традициите на земјите членки,  на штандови ќе ги претстават учениците од сите основни училишта во Велес

Младински парк

13:00

-          Средба со младите

Кафе „Ескејп“

14:00

-          Доделување на трофејот за победничката екипа на фудбалските натпревари и благодарници за учесниците

Градски стадион

Ве покануваме со Вашето присуство да им дадете поддршка на младите и да  бидете дел од одбележувањето на Денот на Европа.