Соопштенија

ПОВИК ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ АДВОКАТИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ПРЕД НАДЛЕЖНИТЕ СУДОВИ

ПОВИК
ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ АДВОКАТИ
ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
ПРЕД НАДЛЕЖНИТЕ СУДОВИ

Општина Велес ГИ ПОВИКУВА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ АДВОКАТИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД ВЕЛЕС, да достават своја понуда за застапување на Општина Велес пред сите надлежни судови.

Општина Велес има потреба од застапување и давање на правна помош, пред надлежните судови од страна на адвокат.

Цели и работни задачи

- целта на ангажманот на адвокатот е да обезбеди квалитетна и директна правна помош на општината;
-да постапува навремено и професионално при обезбедување на правната помош;
-да ги утврди соодветно сите факти потребни за давање на правната информација или совет;
-да ги идентификува релевантите прописи и по нивна анализа да обезбеди правна информација;
-да ги документира обезбедените услуги на правна помош на образец;
-да поднесува редовен месечен извештај за обезбедените услуги на правна помош;
-по потреба да учествува на одредени состаноци во кабинет, за укажување на правна помош.

Договор
Правата и обврските кои произлегуваат од ангажманот на адвокатот ќе бидат уредени со посебен договор.
Временска рамка и начин на плаќање - Работниот ангажман на адвокатот е за време од 3 години, а начинот на плаќање ќе биде одреден во зависност од понудата на адвокатот.
Поседување на
-Активна лиценца за вршење на адвокатска дејност;
- Посветеност кон заштита на правата на општината, принципот на владеење на правото;
- Минимум 7 години работно искуство,
-искуство во застапување на општина и јавни претпријатија. 

Пријавување
Заинтересираните лица потребно е да достават (CV) во коe ќе биде наведено работното искуство преку свое ангажирање со постапки на застапување и области во кои се работи.
Својата апликација заинтересираните можат да ја достават на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. со назнака „Повик за застапување на Општина Велес –правна помош-адвокат“, најдоцна до 08.06.2018 година.

Контакт лице:
Елизабета Јовчевска
Тел.: 043-232 406/локал 114
071 39 72 39