Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ

Почитувани граѓани,

 Општина Велес во интерес на подобрување на патната инфраструктура, санирање на проблемите коишто настанаа како последица на неодамнешните поројни дождови, како и олеснување на комуникацијата на возилата и пешаците кои гравитираат на тој дел од градот, планира реконструкција (бетонирање) на спојот помеѓу улиците  „Вера Циривири“ и ул. „Ѓорѓи Димитров“

Градежните активности ќе се извршат од понеделник 11.06.2018 година до вторник 12.06.2018 година, поради што крстосницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај.