Соопштенија

ОБЈАВА бр. 2/2018 за добивање право за поставување на билборди и рекламни паноа на територијата на град Велес

ОБЈАВА бр. 2/2018

за добивање право за поставување

на  билборди и рекламни паноа на територијата на град Велес, со електронско јавно наддавање 

Врз основа на член 2, став 4, алинеја  2, член 39, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15 и 190/16) Комисија за водење на постапка за поставување на билборди и рекламни паноа на територијата на град Велес, согласно Одлука за утврдување на почетна цена за поставување на билборди и рекламни паноа на територијата на град Велес(„Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 07/18 и 8/18) и Записникот од одржаната седница на Комисијата од 21.05.2018год. 

  1. ПОДАТОЦИ ЗА ДОБИВАЊЕ ПРАВО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА  БИЛБОРДИ И РЕКЛАМНИ  ПАНОА 

ПРЕДМЕТ НА ОБЈАВАТА

I.1. Предмет на оваа објава е добивање право за поставување на рекламни билборди и рекламни паноа на територијата на град Велес, по пат на електронско јавно наддавање (во понатамошниот текст -билбордите).

      Локациите и бројот на билбордите се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на град на Велес за 2018 година.

      Поставувањето на билбордите или друг тип на рекламни паноа ќе зависи од просторот/ локацијата на која треба да бидат поставени и можат да бидат различни со цел да не се попречува сообраќајот и движењето на пешаците. За видот и големината ќе биде изготвен посебен елаборат, на кој согласност дава Општината.

Предметот на објавата-локациите се делливи и поделени во 2 (два) пакета и секој пакет претставува посебен дел и за секој од нив се доделува право за поставување на билборди, за кои се издава одобрение за поставување и се склучува договор.

 Како и правото за поставување и рекламирање на рекламни паноа поставени на електрични метални столбови со висина од 9 метри на територијата на град Велес. 

ОПШТ ОПИС И МЕСТОПОЛОЖБА НА ЛОКАЦИИТЕ:

Локациите за поставување на билбордите се дефинирани со вкупен број 45 и се определуваат во два пакета и тоа:

  • Пакет 1, со вкупно 23 локации-утврдени со реден број од 1, 3, 4, 11, 12, 14, 16, 17, 18, 20, 22, 24, 25, 27, 28, 29, 32, 35, 36, 38, 40,42 и 43 согласно микролокацијата составен дел на овој оглас. 
  • Пакет 2, вкупно 22 локации-утврдени со реден број од 2, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 13, 15, 19, 21, 23, 26, 30, 31, 33, 34, 37, 39, 41, 44 и 45 согласно микролокацијата составен дел на овој оглас. 

-Местоположбата на локациите за поставување на билбордите ќе бидат прикажани во посебен прилог 1 и 2 кој  е составен дел на оваа објава. 

-Местоположбата на рекламните паноа поставени на електрични метални столбови со висина од 9 метри на територијата на град Велес, ќе бидат прикажани во посеб прилог 3, кој е составен дел на оваа објава. 

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ 

Правото за поставување на билбордите се определува за период од 5 (пет) години(2018-2023). 

  • Почетна цена за Пакет 1. изнесува 500.000 денари годишно
  • Почетна цена за Пакет 2. изнесува 500.000 денари годишно
  • Почетна цена за рекламните паноа изнесува 400.000 денари годишно. 

Понудената цена за добивање право за поставување на билбордите и рекламни  паноа од страна на понудувачот треба да биде изразена во денари. 

НАПОМЕНА: 

Плаќањето на годишната закупнина ќе се врши врз основа на доставена фактура од страна Општина Велес. 

Плаќањето на закупнината за ПРВАТА ГОДИНА, најповолниот понудувач е должен да го изврши во рок од 15 дена од денот на склучување на договорот, додека за наредните години, плаќањето ќе се врши однапред за целата година но не подоцна од 15-ти Мај за тековната година. 

Пред склучување на договор за добивање право за поставување на  билборди и рекламни паноа најповолниот понудувач е должен да достави банкарска гаранција во висина од 5% од постигнатата цена, на електронското јавно наддавање, која ќе биде со важност од 5 (пет) години т.е колку што изнесува договорот за добивање право за поставување на  билборди и рекламни паноа. 

Понудувачот кој ќе го добие правото за поставување, покрај цената која е постигната со електронско јавно наддавање, должен е на сметка на општината да уплаќа и годишна комунална такса од 1.200,оо денари по билборд, како и надоместок за потрошена електрична енергија доколку постави осветлување на истите.  

Општина Велес го задржува правото за предвремено еднострано раскинување на договорот за поставување на билборди, заради потребите на Општина Велес.   

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата. 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 

Постапката за добивање право за поставување на билборди и рекламни паноа со електронско јавно наддавање ќе се спроведува преку електронски систем за јавно наддавање.

Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, додделени заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (учество во постапка која ја спроведувала било која општина).

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени во објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната е-stvari.mk.

Документите потребни кон пријавата за електронското јавно наддавање се следниве:

  1. Пријава за учество
  2. Изјава со којашто ги прифаќаат условите што се дадени во Објавата.
  3. Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2 % од запишаната почетна цена, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал да се достави до Комисијата на денот кога се доставува комплетната документација.
  4. Доказ за идентитет за правни лица:

- тековна состојба од Централен регистар на Р.М. – не постара од шест месеци (за правни лица);

- извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);

  1. Доказ за идентитет на физички лица:

- лична карта или патна исправа;

  1. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското наддавање.

Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање. 

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ 

Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 06.07.2018 год. (петок)

Објавата трае петнаесет (15) дена почнувајќи од 21.06.2018 год.(четврток) до 06.07.2018 год. (петок)

Документите се прикачуваат електронски на софтверот.          

Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.                      

Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на ден 10.07.2018год. (вторник) и тоа за: 

I.1.1.Јавното електронско наддавање за ПАКЕТ 1 ќе започне на 10.07.2018, во 09:00 часот.

I.1.2.Јавното електронско наддавање за ПАКЕТ 2 ќе започне на 10.07.2018, во 10:00 часот.

I.1.3.Јавното електронско наддавање за РЕКЛАМНИТЕ ПАНОА ќе започне на 10.07.2018, во 11:00 часот. 

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДУВАЧОТ ОД 2% ОД ПРОЦЕНЕТАТА ВРЕДНОСТ 

-Банкарската гаранција за сериозност на понудата е во висина од 2% од проценетата вредност на пакетот: 

I.1.1 за ПЕКЕТ 1 банкарската гаранција изнесува 10.000 ден.

I.1.2 за ПАКЕТ 2 банкарската гаранција изнесува 10.000 ден.

I.1.3 за РЕКЛАМНИТЕ ПАНОА банкарската гаранција изнесува 8.000 ден. 

-Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана верзија на оригиналот PDF формат, подносителот на понудата/пријавата за учество е должен истата да ја достави и во писмена форма (во оригинал) на адресата на Општина Велес ( со назнака: до Комисијата за за водење на постапка за  поставување на билборди и рекламни паноа на територијата на град Велес).                                                                                         

-Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма на наведената адреса ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.

-Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 30 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.

- Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.“ 

ПОСТАПКА

 Начин и постапка за спроведување на јавното наддавање:

- Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната и движната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

- Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда. Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната и движната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната и движната ствар  без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната и движната ствар  повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност. Намалувањето на вредноста на закупнината на предметот на закуп во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

- За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за закуп на недвижната ствар.

- Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

- Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата на сметка на Општина Велес во согласност со постигнатата крајна цена, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни и движни ствари.

- По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од пет работни дена по извршената уплата на постигнатата цена за добивање право за поставување на  билборди и рекламни паноа, Градоначалник на Општина Велес склучува договор за добивање право за поставување на  билборди и рекламни паноа. Договорот во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради вршење на пренос на сопственоста, нотарските трошоци се обврска на закупувачот.

- Пред склучување на договор за добивање право за поставување на  билборди и рекламни паноа најповолниот понудувач е должен да достави банкарска гаранција во висина од 5% од постигнатата цена, на електронското јавно наддавање, која ќе биде со важност од 5 (пет) години т.е колку што изнесува договорот за добивање право за поставување на  билборди и рекламни паноа.

-Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три  дена од одржувањето на јавното електронско наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од  пет дена од приемот на приговорот. 

Против, Решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. 

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат на телефоните: 043/232-406 локал 114.   

Комисија за водење на постапка за поставување
на билборди и рекламни паноа на територијата
на град Велес

                                                                    

Број 02-2334/4
20.06.2018год.
Велес