Соопштенија

Известување за градежни активности на патиштата

Општина Велес издаде налог на економскиот оператор ДТСУ „Мирсат Комерц“ за чистење на банкини на два патни правци и тоа: локалниот пат кон населените места Дурутовец и Чолошево и локалниот пат кон село Ораовец.

Во тек се активности на локалниот пат кон населените места Дурутовец и Чолошево. Градежните активности ќе продолжат и на патниот правец кон село Ораовец.

Општина Велес апелира до граѓаните кои ги користат овие патни правци внимателно да управуваат со моторните возила, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да имаат разбирање за евентуалните застои.