Соопштенија

Одлука за прогласување Ден на жалост во Општина Велес

Врз основа на член 36, став 1, точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.05/02) и член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.12/06, 03/09, 18/10 и 15/14),

Советот на Општина Велес на вонредна седница одржана на ден 21.06.2018 година, донесе

О Д Л У К А
за прогласување Ден на жалост во Општина Велес

Член 1
Петок 22.06.2018 година, се прогласува за Ден на жалост во Општина Велес, по повод трагичната смрт на три деца од семејството на Никола Давчевски од Велес, кои што го загубија својот живот во пожар во семејната куќа.
Член 2
На Денот на жалост знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје. Сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината за утре се одлагаат.
Угостителските објекти кои се на територијата на Општина Велес ќе емитуваат сериозна музика.
Член 3
Ова одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен гласник на Општина Велес“.

Број 25-3244/1
21.06.2018год.
Велес

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Советот на Општина Велес,
м-р Душко Петров