Соопштенија

Известување за реконструкција на сливна решетка на улица „Љубљанска“, лоцирана под ООУ „Блаже Коневски“

Општина Велес во интерес на подобрување на патната инфраструктура, санирање на проблемите како и олеснување на комуникацијата на возилата и пешаците кои гравитираат на тој дел од градот, планира реконструкција на сливна решетка на улица „Љубљанска“, лоцирана под ООУ „Блаже Коневски“.

Планираните активности ќе се извршат во сабота 30.06.2018 со почеток во 05:00  до 08:00 часот, поради што тој дел од улицата ќе биде затворен за сообраќај.

Оттука апелираме за внимателно возење, како и внимателно движење на пешаците во зоната на изведување на градежните работи и почитување на поставената сообраќајна сигнализација