Соопштенија

СООПШТЕНИЕ За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог ДУП ЗА УБ 54 ДЕЛ ОД УЕ 11, КО ВЕЛЕС, ОПШТИНА ВЕЛЕС

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2016 година со Одлука бр бр. 27-6567/9 од 16.11.2015 година, од Советот на Општина Велес,  Градоначалникот на Општина Велес  го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета

по Предлог  

ДУП ЗА  УБ 54 ДЕЛ ОД УЕ 11,  КО ВЕЛЕС, ОПШТИНА ВЕЛЕС

 Граници на опфатот се :

  • Од северната страна границата започнува од точка кој лежи на КП 16925, продолжува северно од КП 18366, се до пресечната точка со оската на железничката пруга.
  • На јужната страна се движи низ КП 7230, по северната граница на КП 18368 и продолжуа југозападно низ КП 16963/1
  • На запад се движи низ КП 16963/1, минува источно од КП 17370, 17372/1 ја сече КП 18366 и завршува во точка на КП16925

            Опфатот е со површина од 16,12 ха.

            Плански период 2017-2022 год.

Јавната анкета и Јавната презентација по Предлог ДУП ЗА  УБ 54 ДЕЛ ОД УЕ 11,  КО ВЕЛЕС, ОПШТИНА ВЕЛЕС, ќе се спроведе со објавување Соопштение во информацискиот систем е-урбанизам како и во две јавни гласила и со излагање на Предлог планот во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес.

Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, од 04.07 до 17.07 2018 год., од 7,30 до 15.30 часот во просториите на Општина Велес.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 11.07 2018 година во 09:00 часот во просториите на Општина Велес.