Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ја известува јавноста дека во во месец јули ќе бидат преземени одредени активности на концесиското поле „Баш колиби“ или познато како депонија за троска на некогашна Топилница за олово и цинк.

Концесионерот Друштво за собирање и примарна преработка на отпадоци извоз-увоз „ЕКОЦЕНТАР 97“ ДООЕЛ Скопје преку договорно ангажирана форма ќе ги спроведе активностите за земање на примероци од троската, заради утврдување на нејзиниот хемиски состав.
Општина Велес продолжува во насока на транспарентно работење да ја известува јавноста за овие и сите понатамошни активности кои ќе се изведуваат на депонијата.