Соопштенија

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), Градоначалникот на Општина Велес објавува:

 

Ј А В Е Н  П О В И К

 за  доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

 

Се известуваат сите правни и физички лица на територијата на Општина Велес дека Градоначалникот распишува Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови.

Јавниот повик ќе трае најмалку 31 ден, односно во перидот од 07.09.2018 год. до 07.10. 2018 год.

Јавниот повик ке биде објавен во службено гласило на општината, на веб страна на општината www.veles.gov.mk, на огласна табла во просториите на општината, во информацискиот систем е-урбанизам и во дневен весник.

Секое заинтересирано правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави Иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови  од чл 7 став 1, точка 2, алинеа 2,3,4 од Законот за просторно и урбаистичко планирање, (сл. Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16),  преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма преку архивата на Општина Велес.

Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам, или во писмена форма.
Средствата за изготвување на потребната документација за прифатените иницијативи  треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите.

           

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Аце Коцевски

 

Јавен повик