Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ (За чистење на снег на јавната површина пред објектите од страна на корисниците)


Се известуваат сите,сопственици односно корисници на јавни објекти на подрачјето на Општина Велес, дека во зимски услови при снежни врнежи се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред нивните објекти, со што ќе обезбедат непречен пристап до нив.

Повеќе...

Јавен оглас за засновање на работен однос на определено време

Согласно член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2014, 199/2014 и 27/2016) и член 22 став (1) алинеја 1, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“бр. 2/2005; 106/2008; 161/2008; 114/2009; 130/2009; 149/2009; 50/2010; 52/2010; 124/2010; 47/2011; 11/2012; 39/2012; 13/2013; 25/2013; 170/2013; 187/2013; 113/2014; 20/2015; 33/2015; 72/2015; 129/2015 и 27/2016)
Градоначалникот на Општина Велес објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време

Повеќе...

Посета на збратимениот град Сомбор, Србија

 

На покана на градоначалничката на Сомбор Душанка Голубовиќ и претседателот на Советот на Градот Сомбор, Зоран Парчетиќ, делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Аце Коцевски во периодот 16-17 февруари годинава престојуваше во збратимениот град Сомбор, Република Србија. Делегацијата присуствуваше на одбележувањето на Денот на Град Сомбор 17-ти Февруари.

Повеќе...

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец февруари

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 22.02.2018 година (четврток) со почеток во 16:00 часот.

Повеќе...

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог ДУП за УЕ 7 дел од УБ 41, ЦОУ “Васил Главинов”, КО Велес, Општина Велес

 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2018 година со Одлука бр бр. 25-4877/4 од 15.11.2017 година, од Советот на Општина Велес,  Градоначалникот на Општина Велес  го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета

по Предлог  

ДУП за УЕ 7 дел од УБ 41, ЦОУ “Васил Главинов”, КО Велес, Општина Велес 

Повеќе...

Објава број 1 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

ОПШТИНА ВЕЛЕС

MUNICIPALITY OF VELES 

ОБЈАВА број 1

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес 

Повеќе...

Соопштение: Актуелна слика за квалитетот на амбиентниот водзух во Велес

Почитувани,

Општина Велес Ве информира дека во мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 во работа се инструментите за О3 (озон), SO2 (сулфур диоксид), NO-NO2-NОx (азотни оксиди) и CO (јаглероден моноксид).
Од 28.12.2017г. по 12.00 часот не е во функција инструментот за суспендирани честички во воздухот со големина до 10 микро метри (РМ10).

Повеќе...

Пренос на Б-интегрирана еколошка дозвола

Градоначалникот на Општина Велес

ОБЈАВУВА
Пренос на Б-интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 118, став 3 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16), Градоначалникот на Општина Велес изврши пренос на Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 08-52/1 од 04.01.2017г.

Повеќе...

Известување - бесправно изградени објекти

Согласно Законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл.весник на РМ бр.190/2017) Општина Велес ги известува граѓаните дека:

Нови барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти СЕ ПРИМААТ ОД 01.01.2018 ГОДИНА ДО 31.12.2018 ГОДИНА - КОМПЛЕТНИ ( ова се однесува за објекти изградени до 03.03.2011 година за кои барателот досега нема доставено барање во ниту еден од претходно дадените рокови) .
Барањата се примаат комплетни со геодетски елаборат и сметки за јавни услуги (струја, вода) или Изјава дека објектот е изграден пред влегување во сила на ЗПБИО со цитирана катастарска парцела и Геодетски елаборат во неа.

Повеќе...

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец јануари

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 17.01.2018 година (среда) со почеток во 16:00 часот.

Повеќе...