Соопштенија

Дежурен мобилен телефон за потребите на граѓаните 078/254–729

Врз основа на Одлуката на Советот на Општина Велес за донесување итни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, Општина Велес воведува ДЕЖУРЕН МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН за потребите на граѓаните.

Телефонскиот број 078 / 254 – 729 е достапен 24 часа. Истиот го опслужуваат одговорни лица во Територијалната противпожарна единица во Велес.

Повеќе...

Јавна расправа за Нацрт Буџет на Општина Велес за 2018 година

На Јавната расправа ќе биде разгледуван: Нацрт – Буџетот на Општина Велес за 2018 година

Расправата ќе се одржи на 15.12.2015 година (петок) во големата сала на Општина Велес и тоа за:

Повеќе...

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/2011), член 7 од Прaвилникот за условите, критериумите и начинот за доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес 27-6771/4, а во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува

К О Н К У Р С
за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Повеќе...

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2017 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 17/07), Комисијата за општествени дејности повторно покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2017 година.

Повеќе...

Општина Велес подготвена за можно излевање на реката Вардар

По обилните дождови, Општина Велес ги известува граѓаните дека е подоготвена да се справи со ризиците од излевање на реката Вардар во градот и околината. Стручни екипи работат на терен и состојбата се следи континуирано.

Стручните служби во општината го посочија мостот кај Башино Село како најкритична точка во моментов. Во попладневните часови ангажирана механизација ќе ги чисти носечките столбови од наносите со дрва кои претставуваат закана за статиката на објектот.

Повеќе...

ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Врз основа на член 26 од Законот за квалитетот на амбиентниот воздух („Службен Весник на РМ" бр. 67/04, 92/07, 35/10, 47/11, 59/12, 100/12, 04/13, 10/15 и 146/15), член 22, став 2 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02), а согласно член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.12/06, 03/09,18/10 и 15/14), Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе

ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Повеќе...

Jавна расправа по Нацрт-документите на општината за 2018 година

Почитувани,

Општина Велес, Ве поканува на Jавна расправа по Нацрт-документите на општината за 2018 година. Јавната расправа ќе се одржи на  13.11.2017 година (понеделникво големата сала на Општина Велес и тоа за:

Повеќе...

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА

Општина Велес, ЈКП Дервен и организацијата „Нула отпад Скопје“ организираат “АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА“.
Целта е да се заштити животната средина од опасен отпад.
Во отпад од електрична и електронска опрема спаѓа:

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - истекување на нафта

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ги информира граѓаните дека поради дефект на резервоарот во ССОУ „Коле Неделковски“ во почвата се истечени (понирани) големи количини на нафта.  

Повеќе...

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец октомври

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 26.10.2017 година (четврток) со почеток во 16:00 часот.

Повеќе...