Соопштенија

На Велешко езеро ќе се гради автокамп  

Одлуката со која надлежните институции дадоа согласност за основање на автокамп на Велешко езеро Младост од денеска официјално е објавена во Службен весник на Репулика Макеоднија.

Тоа пркатично значи дека нема никакви правни пречки на најатрактивната туристичка локација во близина на Велес да се изгради уште една нова содржина.

Минималните услови кои треба да се исполнат во автокампот се четврта категорија со една ѕвездичка, по примерот на автокамповите во соседството.

Повеќе...

Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина за Предлог планска програма за изработка на ДУП за дел од УЕ 11, УБ 54, КО Велес, Општина Велес

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05,81/05,24/07,159/08,83/09,48/10, 124/10 и 51/11), Градоначалникот на Општина Велес, на ден 15.09.2017 година, донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена

Повеќе...

Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес

Врз основа на член 36, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 23, став 3 од Законот за угостителска дејност („Сл.весник на РМ“ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14 и 129/15) и член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Сл. гласник на Општина Велес” бр. 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14),

Советот на Општина Велес на седницата одржана на 19.09.2017 година, донесе

О Д Л У К А за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес

Повеќе...

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец септември

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 29.09.2017 година (петок) со почеток во 16:00 часот.

Повеќе...

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2017 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 7/97; 7/01) и Одлуката за востановување награда за животно дело - „Гемиџии“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.4/03), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2017 година.

Повеќе...

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2017 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 17/07), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2017 година.

Повеќе...

Известување за здравствената безбедност на водата на Езеро Младост

Се известуваат граѓаните на Велес дека, согласно извршените испитувања и стручната анализа од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, водата на Езеро Младост може да се користи за капење и рекреација и покрај отстапувањето од бараната 2-ра класа на некои физичко-хемиски параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.

Повеќе...

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЧАДИЕВ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани сограѓани,
Дозволете ми, Вам, верниците од муслиманска верисповед од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, да ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот исламски празник Курбан Бајрам.
Овој празник за вас има голема важност. Курбан Бајрам одсекогаш бил симбол за почитта, толеранцијата и љубовта помеѓу луѓето.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Велешка Питијада 2017“

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО

за манифестацијата „Велешка Питијада 2017“

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијата „Велешка питијада 2017“ за презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство.

Повеќе...

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец август

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 31.08.2017 година (четврток) со почеток во 16:00 часот.

Повеќе...

Соопштение - подготвка на нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2018 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

Во текот на септември 2017 година ќе се подготвуваат нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2018 година во областа на:

Повеќе...