Соопштенија

Локации за поставување на изборни плакати

Врз основа на член 78 од Изборен законик (“Службен весник на РМ”бр.40/06,127/06,136/08,148/08,155/08,163/08,44/11,51/11,142/12,31/13,34/13,14/14,30/14,31/15,196/15, 35/16, 97/16 и 99/16) и член 50, став 1, точка 16 од Закон за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.05/02),
Градоначалникот на Општина Велес

О Б Ј А В У В А

утврдување на места на кои е дозволено да се истакнуваат изборни плакати со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања учесници во избор за членови на совет на Општината и градоначалник на Општина Велес во 2017 година.

Повеќе...

ОБЈАВА бр.2 /2017 за продажба на движна ствар во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање (втора објава)

Врз основа на член 2, точка 4, алинеја 2, член 47 став 2 и член 48, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15, 153/15 и 190/16) и Одлуката за отуѓување на патнички моторни возила сопственост на Општина Велес бр.27-4800/5, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес ја дава следната:

 ОБЈАВА бр.2 /201за продажба на движна ствар во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање (втора објава)

Повеќе...

ОБЈАВА бр.1 /2017 за давање на деловни и административни простории во закуп со електронско јавно наддавање (вторa објава)

 ОБЈАВА бр.1 /201за давање на деловни и административни простории во закуп со електронско јавно наддавање (вторa  објава)

 

Врз основа на член 2, точка 4, алинеја 1, член 36 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15,153/15 и 190/16) Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес, објавува закуп на деловни и административни простории од објект на КП 4810 во КО Велес, заведен во Имотен лист бр.31419, сопственост на Општина Велес, по пат на електронско јавно наддавање.

Повеќе...

ОБЈАВА број 1 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес


 

ОБЈАВА број 1

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

 ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 

Повеќе...

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец јули

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 27.07.2017 година (четврток) со почеток во 16:00 часот.

Повеќе...

ЈАВНА РАСПРАВА - „Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад (ИСУЦО)“

ЈАВНА РАСПРАВА
„Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад (ИСУЦО)“

  • Вардарски регион: Велес, Лозово, Чашка и Демир Капија
  • 17.07.2017 Општинска сала - Општина Велес

Повеќе...

Известување за здравствената безбедност на водата на Езеро Младост

Се известуваат граѓаните на Велес дека, согласно извршените испитувања и стручната анализа од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, водата на Езеро Младост може да се користи за капење и рекреација и покрај отстапувањето од бараната 2-ра класа на некои физичко-хемиски параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.

Повеќе...

Термин за полагање на испит за сертификат за авто-такси возач за месец јуни

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04 …… 71/16) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 29.06.2017 година (четврток) со почеток во 16:00 часот.

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ - второ авионско третирање против комарци

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Општина Велес ја информира јавноста дека второто авионско третирање против комарци ќе се изврши на ден 24 Јуни (сабота) 2017 год. во периодот од 05:00 до 06:30 часот. Доколку временските услови не дозволат авионско прскање, истото ќе се изврши наредниот ден 25 Јуни (Недела) 2017 год.

Повеќе...

ОБЈАВА - за прибирање на понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на Велес за следните линии

Врз основа на член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16 и 71/16) и член 33 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Велес („Сл.гласник на општина Велес“ бр.4/05, 11/05, 13/05, 1/06 и 10/08),

ОБЈАВА - за прибирање на понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на Велес за следните линии

1. Велес – Чолошево – линија бр. 4
2. Велес – Црквино – линија бр. 5
3. Велес – Бузалково – линија бр. 8
4. Велес – Кумарино – линија бр. 10
5. Велес – Башино Село – линија бр. 11

Повеќе...