Соопштенија

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2018/2019 година

 

Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на  талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/2011), член 7 од Прaвилникот  за условите, критериумите и начинот за доделување стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес 13/2015), а во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес бр.25- 5908/3 Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 21.11.2018 година, распишува

 К О Н К У Р С

за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2018/ 2019 година

 

За учебната 2018/ 2019 година, Општина Велес ќе додели:

  • 10 стипендии на талентирани ученици од III-IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
  • 10 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.

 

 Услови за доделување на стипендии

 

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија, а  ги исполнуваат следните услови:

  1. Редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех,  кои освоиле I наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот.
  2. Редовни студенти со континуирано студирање, кои освоиле I награда на државни или I, II, или III награда на  меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00.
  3. Да се жители на Општина Велес и
  4. Да се државјани на Република Македонија.

 

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

 

  1. Пријава од апликантите до Комисијата.
  2. Свидетелства за континуиран одличен успех
  3. Уверение за положени испити.
  4. Потврда за запишана година на факултетот.
  5. Документ кој потврдува освоени награди на државни натпревари.
  6. Документ кој потврдува освоени награди на меѓународни натпревари.
  7. Потврда за објавени стручни трудови.
  8. Препорака од предметниот наставник/ментор на студентот.
  9. Препорака од наставничкиот колегиум/училиштето-факултетот.
  10. Уверение за семејно и материјална положба.
  11. Потврди за личен доход на вработените членови од семејството.
  12. Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството.
  13. Фотокопија од лична карта или пасош. 

 

Место и рок за поднесување на документите

 

Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака  „За Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес“ ул.„Панко Брашнар”  бр.1 Велес со доставување во Општинскиот центар за услуги или по пошта.

  • Рокот за поднесување на документите е од  22.11.2018 до 3.12.2018 година.
  • Пријавата може да се подигне заедно со другите обрасци во Општинскиот центар за услуги или на веб-страната на Општина Велес
  • Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

Резултатите од конкурсот ќе бидат најдоцна до 10.12.2018 година.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на Општина Велес и истакнати на огласна табла во Општинскиот центар за услуги.

Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес во рок од 3 (три) дена од објавувањето на резултатите.

Поблиски информации можат да се добијат во Општинскиот центар за услуги на тел. 232-406 локал 226.

Конкурсот ќе биде објавен:

  • на веб страната на Општина Велес и социјалните мрежи на Општина Велес
  • на огласна табла во Општинскиот центар за услуги
  • на огласна табла во сите средни училишта во градот
  • на огласната страна на факултетите и дисперзираните студии со седиште во Велес
  • на локалните медиуми.

 

 

Број 25-5908/4                                                                                                                                                       ПРЕТСЕДАТЕЛ

21.11.2018 година                                                                                                                               на Комисија за стипендирање на

Велес                                                                                                                                                  талентирани ученици и студенти на

                                                                                                                                                                      Советот на Општина Велес,

                                                                                                                                                                             м-р Живко Пренџов


Жестока битка за животната средина – Јавна расправа за Превалец

На барање на Општина Велес, а во врска со барањето на компанијата „Технопавер-Каменолом Превалец“ за добивање на А интегрегирана еколошка дозвола, денеска во преполната сала на Општина Велес се одржа јавна расправа.

Повеќе...

Велешките стопанственици ги запознаа придобивките од дуалното образование

Денес во просториите на Општина Велес се одржа тркалезна маса за промоција на дуалното образование.

Пред претставниците на велешкото стопанство меѓу кои компаниите „Маркарт“, „Брако“, „Ронтис“,„ Динамо Леов“ и други, Патрик Мартенс, директор на делегацијата на Германското стопанство во Македонија ја истакна важноста од воведувањето на системот за дуално образование за самите компании, но и за училиштата.

Повеќе...

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Изменување и дополнување на ДУП за УБ 8 Општина Велес

Почитувани граѓани,

 На 26.10.2018 година од страна на Градоначалникот на Општина Велес  донесена е Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Изменување и дополнување на ДУП за УБ 8 Општина Велес под бр 08-5505/2 и истиот е доставен до Министерство за животна средина и просторно планирање за произнесување.

Повеќе...

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за дел од УЕ 11, УБ 54, К.О. Велес

Почитувани граѓани,

 На 15.09.2017 година од страна на Градоначалникот на Општина Велес донесена е Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ  ДУП за дел од УЕ 11, УБ 54, К.О.Велес, Општина Велес под бр. УП. 1310-40 од 15.09.2017 и истиот е доставен до Министерство за животна средина и просторно планирање за произнесување.

Повеќе...

Соопштение за одржување на Јавна расправа за Каменолом ТЕХНО ПАВЕР

Почитувани,

 Јавната расправа во врска со доставеното Барање за добивање на А-интегрирана еколошка дозвола за КАМЕНОЛОМ ТЕХНО ПАВЕР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје-подружница бр.2 с.Превалец, Велес ќе се одржи на ден 20.11.2018г. (вторник) со почеток во 12.00 часот, во просториите на Општина Велес.

Повеќе...

Известување за градежни активности

На 12 ноември 2018 година (понеделник), Општина Велес ќе отпочне со градежни активности на крстосницата помеѓу улиците „Наум Наумовски Борче“  и „III- та Кумановска бригада“, (во близина на сендвичарата „Круг“). Градежните активности ќе се изведуваат во две фази и тоа:

Повеќе...

Покана за јавни расправи по Нацрт-документите на општината за 2019 година

Општина Велес Ве поканува на Jавнa расправa по Нацрт-документите на општината за 2019 година. Јавната расправa ќе се одржи на 07.11.2018 година (среда) во големата сала на Општина Велес и тоа за:

Повеќе...

Известување од Градоначалникот Аце Коцевски - ТЕХНО ПАВЕР поднесе барање за еколошка дозвола

Почитувани граѓани,

Ве известувам дека на 30 октомври годинава, од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање до Општина Велес е доставено Барање за добивање на А-интегрирана еколошка дозвола за КАМЕНОЛОМ ТЕХНО ПАВЕР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје -подружница бр. 2 с. Превалец, Велес.

Повеќе...

Акција за собирање на електричен и електронски отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој веќе се дистрибуира со сметките за комунални услуги.

Повеќе...