Соопштенија

Честитка од градоначалникот Аце Коцевски по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената

Драги сограѓанки,

Со голема благодарност за Вашиот голем придонес во развојот на Велес, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на сите граѓани Ви го честитам 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

Повеќе...

Општина Велес со мерки против загадувањето од фабриката „Благој Ѓорев“

Во врска со реакциите на граѓаните за појавата на густ црн чад од оџакот на фабриката за масло „Благој Ѓорев“, Општина Велес ги известува граѓаните дека е извршен вонреден инспекциски увид на работата на котлите во фабриката.

Повеќе...

Градоначалникот Коцевски изрази сочувство до семејствата на загинатите

Нема зборови што можат да ја опишат неизмерната тага и болка за изгубените животи и траумите на преживеаните сограѓани во вчерашната кобна сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово. Во свое лично име,  во име на Советот на Општина Велес и во име на сите граѓани, изразувам искрено сочувство до семејствата на загинатите и повредените.

Повеќе...

Утврдување на места на кои е дозволено да се истакнуваат изборни плакати со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања учесници во претседателските избори во 2019 година

Врз основа на член 78 од Изборен законик (“Службен весник на РМ”бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18 и 27/19) и член 50, став 1, точка 16 од Закон за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.05/02),

 Градоначалникот на Општина Велес

 О Б Ј А В У В А

утврдување на места на кои е дозволено да се истакнуваат

изборни плакати со обезбедени еднакви услови за

сите организатори на изборната кампања учесници

во претседателските избори во 2019 година

Повеќе...

Одлука за неизбор на кандидати за вработување на неопределено време - пожарникар спасител – техничар

Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.04/2018 (со арх.бр.04-6336/2 од 13.12.2018 година) објавен во дневните весници Вечер и Нова Македонија,
Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната:

О Д Л У К А
за неизбор на кандидати
за вработување на неопределено време

Повеќе...

Одлука за невршење избор на кандидати

Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.05/2018 (со арх.бр.04-6337/2 од 13.12.2018 година) објавен во дневните весници „Вечер“ и „Нова Македонија“,
Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната:

О Д Л У К А
за невршење избор на кандидати

Повеќе...