Соопштенија

Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 7, УБ 42 и дел од УЕ 12 и УБ 59 К.О. Велес

Врз основа на член 23 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

СТРУЧНА РАСПРАВА

Повеќе...

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод Илинден

Почитувани сограѓани,
Нема зборови што ќе ги отсликаат чувствата на Македонците кога се спомнува Илинден. Тие се свети – како празникот Свети Илија, како македонската земја и аманетот на илјадниците Македонци што гинеа за неа чекајќи го првиот Илинден, борејќи се во него. Во нив е сонот за слободата во вториот Илинден на народниот учител Панко Брашнар – учесникот во двата Илиндена. А нив сега ги препознаваме во конечниот 8-ми Септември што за сите нас е историска илинденска верига.

Повеќе...

Објава на Нацрт Б-интегрирана еколошка дозвола

“Димче Мирчев” АД , оператор на инсталацијата за производство на мелен талк,калцит и доломит,со локација Раштански пат бр.4 Велес,е во постапка на добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола.
Согласно член 122 став 6 и член 107 став 13 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14,44/15) се објавува за јавноста нацртот на Б- интегрираната еколошка дозвола со цел јавноста во рок од 14 дена да ги достави своите забелешки.

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 7, УБ 42 и дел од УЕ 12 и УБ 59 К.О. Велес

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ 

за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 7, УБ 42 и дел од УЕ 12 и УБ 59 К.О. Велес.

Повеќе...

ИЛИНДЕНСКИ МАРШ

Коњаниците од традиционалниот „Илинденски марш“ денес во 19:00 часот ќе пристигнат во Велес, и ќе се поклонaт пред споменикот на Велешките илинденци во центарот на градот .

Повеќе...

Извештајот за квалитетот на површинските води на територијата на Општина Велес

СООПШТЕНИЕ
Врз основа на член 104 став 3 од Законот за водите, Градоначалникот на Општина Велес го става на увид на јавноста Извештајот за квалитетот на површинските води на територијата на Општина Велес, доставен од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.
Согласно заклучоците од Извештајот, водите на езеро Младост, река Бабуна, река Тополка во горен тек: Населба Чашка – капалиште и Пашин мост се епидемиолошки сигурни и МОЖАТ да се користат за капење, рекреација и за наводнување на земјоделските површини.

Повеќе...