Соопштенија

Градоначникот Славчо Чадиев упати честитки по повод 18-ти Август, Денот на Армијата

Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија,
Ми претставува големо задоволство да Ви упатам честитки по повод 18-ти Август, Денот на Армијата и да ја изразам мојата почит за придонесот кој што го давате за изградба на Армијата во респектабилна сила, која е гарант за суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.

Повеќе...

Соопштение - термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач за месец август

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15 и 97/15) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 26.08.2015 година (среда) со почеток во 19.30 часот.

Повеќе...

Авионско третирање против комарци ќе се одржи на 20.08.2015 год. (четврток)

Почитувани граѓани,
Од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес добиена е информација дека Министерството за здравство на Р. Македонија ќе спроведе повторно авионско третирање против комарци. Прскањето ќе се одржи на 20.08.2015 год. (четврток) во периодот од 05.00 часот до 08:00 часот.
Границата на третирањето е: Езеро Младост, с.Отовица, месност Јарбош; по течението на Вардар од север од с. Башино Село низ град Велес, се до вливот на река Бабуна и с. Горно Караслари.

Повеќе...

Соопштение - Ден на Армијата на Република Македонија „18-ти Август“

По повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Македонија „18-ти Август“ Командата за обука и доктрини (КОД) ќе реализира повеќе плански активности.На ден 14.08.2015 година (петок) во време од 20.00 - 22.00 часот во Младинскиот парк во Велес ќе се реализира „Отворена канцеларија на Командата за обука и доктрини“ каде што граѓаните ќе имаат можност да проследат презентации за активностите на единиците на КОД и АРМ.

Повеќе...

Соопштение - подготвка на нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2016 година

Почитувани,

Во текот на септември 2015 година ќе се подготвуваат нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2016 година во областа на:

- образованието,
- културата,
- социјална заштита
- здравствена заштита,
- спорт и млади,
- поддршка на НВО секторот,
- меѓународна соработка,
- локален економски развој,
- заштита на животна средина,
- комунални дејности,
- урбанистичко планирање

Повеќе...

Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 7, УБ 42 и дел од УЕ 12 и УБ 59 К.О. Велес

Врз основа на член 23 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

СТРУЧНА РАСПРАВА

Повеќе...