Соопштенија

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод Илинден

Почитувани сограѓани,
Нема зборови што ќе ги отсликаат чувствата на Македонците кога се спомнува Илинден. Тие се свети – како празникот Свети Илија, како македонската земја и аманетот на илјадниците Македонци што гинеа за неа чекајќи го првиот Илинден, борејќи се во него. Во нив е сонот за слободата во вториот Илинден на народниот учител Панко Брашнар – учесникот во двата Илиндена. А нив сега ги препознаваме во конечниот 8-ми Септември што за сите нас е историска илинденска верига.

Повеќе...

Објава на Нацрт Б-интегрирана еколошка дозвола

“Димче Мирчев” АД , оператор на инсталацијата за производство на мелен талк,калцит и доломит,со локација Раштански пат бр.4 Велес,е во постапка на добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола.
Согласно член 122 став 6 и член 107 став 13 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13, 187/13, 42/14,44/15) се објавува за јавноста нацртот на Б- интегрираната еколошка дозвола со цел јавноста во рок од 14 дена да ги достави своите забелешки.

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 7, УБ 42 и дел од УЕ 12 и УБ 59 К.О. Велес

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ 

за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за дел од УЕ 7, УБ 42 и дел од УЕ 12 и УБ 59 К.О. Велес.

Повеќе...

ИЛИНДЕНСКИ МАРШ

Коњаниците од традиционалниот „Илинденски марш“ денес во 19:00 часот ќе пристигнат во Велес, и ќе се поклонaт пред споменикот на Велешките илинденци во центарот на градот .

Повеќе...

Извештајот за квалитетот на површинските води на територијата на Општина Велес

СООПШТЕНИЕ
Врз основа на член 104 став 3 од Законот за водите, Градоначалникот на Општина Велес го става на увид на јавноста Извештајот за квалитетот на површинските води на територијата на Општина Велес, доставен од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.
Согласно заклучоците од Извештајот, водите на езеро Младост, река Бабуна, река Тополка во горен тек: Населба Чашка – капалиште и Пашин мост се епидемиолошки сигурни и МОЖАТ да се користат за капење, рекреација и за наводнување на земјоделските површини.

Повеќе...

ЈП „МЖ ИНФРАСТРУКТУРА” ИНФОРМИРА ЗА ВРЕМЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ

Поради високите температури кои се појавија во овој период од годината дојде до зголемување на напоните во шините на пругата Велес-Битола, односно делница Велес-Пашин мост.
Со издолжување на шините дојде до деформација на колосекот на тој дел од шината и затоа ЈП Македонски Железници – Инфраструктура воведе смалена брзина на движење на сите возови кај Пашин мост.

Повеќе...

Општина Велес ја информира јавноста дека ќе се спроведе вонредно третирање против крлежи на Вашиот реон

Прскањето ќе го спроведе стручна екипа на ЈЗУ Центар за јавно здравје под раководство на биолог Ленче Николовска
Прскањето ќе се изврши на 22 и 23. 07.2015 год. (среда и четврток) со почеток од 10:00 часот.
Со третирање ќе бидат опфатени јавно-прометните површини (тревата и патот). Доколку има заинтересирани да извршат третирање против крлежи во сопсвените дворни места, нека се обратат до биологот Ленче Николова.

Повеќе...