Соопштенија

Старите живини сијалици предадени на овластен постапувач

По реализација на проектот за комплетна реконструкција на уличното осветлување во Општина Велес и замена на живините сијалици, Општина Велес спроведе низа активности за соодветно ракување, обележување на искористените светилки како опасен отпад, пакување и времено складирање во соодветен и безбеден простор.

Повеќе...

Градоначникот Славчо Чадиев им го честита најголемиот празник во исламската вера, празникот на мирот и меѓусебното разбирање – Рамазан Бајрам.

Почитувани,
Од мое име и од името на Советот на Општина Велес на сите граѓани од исламска вероисповед им го честитатм најголемиот празник во исламската вера, празникот на мирот и меѓусебното разбирање – Рамазан Бајрам.
Нека овој празник Ви донесе многу чисти мисли, нека ја зголеми милоста, љубовта и добрите дела во Вашите семејства, кон Вашите соседи, пријатели и сограѓани.

Повеќе...

ВО СРЕДА ВОНРЕДНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕС

ВО СРЕДА ВОНРЕДНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕС „Општина Велес ја информира јавноста дека ќе се спроведе трето авионско третирање против комарци што се одложи поради лошите временски услови. Прскањето ќе се одржи на 15.07.2015 год. (среда) во периодот од 05.00 часот до 08:00 часот.

Повеќе...

Објава на Б-интегрирана еколошка дозвола „МАРГО-БРАН“ ДОО Велес

Градоначалникот на Општина Велес

ОБЈАВУВА
Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 08-2667/5 од 09.07.2015г. на:

Повеќе...

Известување - авионско третирање против комарци

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Велес ги известува граѓаните дека поради неповолните временски услови, авионското третирање против комарци кое требаше да се спроведе утринава, се одложува.

За терминот на следното прскање, јавноста ќе биде благовремено известена.

Со почит!

Соопштение - термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач за месец јули

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15 и 97/15) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 22 јули 2015 година (среда) во 19:30 часот. Испитот ќе се одржи во просториите на Општина Велес.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Велес најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.