Соопштенија

Одлука за избор на кандидати по Јавен оглас за вработување на неопределено време

Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.05/2018 (со арх.бр.04-6337/2 од 13.12.2018 година) ,

Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната:


О Д Л У К А
за избор на кандидати по Јавен оглас за
вработување на неопределено време

Повеќе...

Одлука за избор на кандидати за вработување на неопределено време овластени службеници во областа на безбедноста-Пожарникар спасител

Врз основа на член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02), член 13 став 2 од Правилникот за критериуми за селекција на кандидати за вработување во Територијалната Противпожарна единица во Општина Велес бр.08-3677/1 од 09.07.2018 година и записникот од Комисијата за селекција со ранг-листа на селектираните кандидати на Јавен оглас за вработување на неопределено време овластени службеници во областа на безбедноста со бр.04-6336/2 од 13.12.2018 година,
Градоначалникот на Општинa Велес ја донесе следната:

О Д Л У К А
за избор на кандидати за вработување на неопределено време
овластени службеници во областа на безбедноста-Пожарникар спасител

Повеќе...

Одлука за избор на административен службеник по пат на интерен оглас

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Сл. весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 100/14, 48/15, 154/15, 05/16, 142/16 и 11/18), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018.2018 година,

Секретарот на Општина Велес, донесе

О Д Л У К А
за избор на административен службеник
по пат на интерен оглас

Повеќе...

Известување за состојбата со локалните патишта

Се известуваат жителите на Општина Велес дека на ден 15.1.2019 година во 12:00 часот од страна на МВР до Општина Велес беше пријавена непроодност на дел од општинскиот пат Раштани – Бузалково. Надлежните служби на општината веднаш излегоа на терен, каде што беше забележано дека поради специфичната конфигурација на теренот, интезитетот на ветарот, снегот од околните ниви се одвејува на патот и се создаваат поголеми наноси од снег.

Повеќе...

Известување за граѓаните

Поради ниските температури и до 150 под нулата, како и поради обилните количини на снег и можни подмрзнувања на коловозот, општина Велес апелира до возачите за внимателно возење.

Повеќе...

Известување за чистење на снег на јавната површина пред деловните објекти

Се известуваат сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на Општина Велес, дека во зимски услови при снежни врнежи се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред нивните објекти, со што ќе обезбедат непречен пристап до нив.

Повеќе...

Исправка на одлука за неспроведување на стратегиска оцена бр.08-5506/4

ИСПРАВКА

Во Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена бр.08-5506/4 од 19.11.2018 година, донесена од страна на Градоначалникот на Општина Велес, каде воочена е техничка грешка во став 3 точка 1, не треба да стојат зборовите -„А4-времено сместување,Б1-мали комерцијални и деловни дејности “-, така што истите се бришат.

Повеќе...

Известување за граѓаните

Во пресрет на одбележување на Коледе и Бадник, согласно утврдените мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, при палење на коледарските огнови (на било која локација во градот или во околината) најстрого се забранува користење на несоодветни и опасни материјали како: гуми, пластика, делови од мебел, материјали премачкани со боја и лепило, отпадно масло од автомобили и слично.

Повеќе...

Честитка по повод празникот католички Божиќ

Почитувани сограѓани од католичката вероисповед,

Во свое лично име, во име на Советот на општина Велес и во име на сите граѓани, ви го честитам големиот христијански празник
Раѓање Христово-Божиќ.

Повеќе...