Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Улицата „Славе Петков” поради изведба на градежни работи за изведба на потпорен ѕид пред број 122 ќе биде целосно затворена за одвивање на сообраќај на потег од број 120 до спој на истата со улицата „Кирил и Методиј” во период од 17.04.2015 година во 10.00 часот до 19.04.2015 година до 10.00 часот.

 

Јавен повик за пројавување на интерес за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на затворен пазар во Општина Велес

 

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), а согласно Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Велес  за 2015 год. („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 13/14)
Општина Велес  на ден 14.04.2015 година, објавува 

ЈАВЕН ПОВИК
за интерес
Повик за пројавување на интерес за воспоставување на јавно
приватно партнерство за изградба на затворен пазар во Општина Велес

Повеќе...

Јавен повик за пројавување на интерес за користење на простории во сопственост на Општина Велес

Врз основа на член 36, став 1, точка 15 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и члан 45, став 1, од Статутот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/06, 03/09,18/10 и 15/14) а согласно Правилникот за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес. („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 5/15)
Комисија за распределба на простории сопственост на Општина Велес на невладини организации, здруженија на граѓани и фондации при Советот на Општина Велес на ден 14.04.2015 година, објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за пројавување на интерес за користење на
простории во сопственост на Општина Велес

Повеќе...

Градоначалникот Славчо Чадиев, Ви го честита најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Почитувани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес, на православните верници на МПЦ во земјата и во странство и на сите христијани им го честитам најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден и Ви посакувам здравје, радост, љубов и спокој во сечие срце.

Повеќе...

Известување за манифестацијата ,,ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ”

 Почитувани сограѓани, поради лошите временски услови што следат и во наредните денови, ве известуваме дека манифестацијата ,,ВЕЛИГДЕНСКО ЈАЈЦЕ” ја променува својата локација. Оваа манифестација ке биде изведена во ПОЛИВАЛЕНТНИОТ ПРОСТОР на OOУ ,,Блаже Конески" задржувајки го својот термин, 08.04.2015 година (среда) со почеток од 11:00 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ - КП бр. 1541/14, КО Караслари

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (“Службен весник на РМ” број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

За изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за стопански комлекс, со намена Г2 - лесна и незагадувачка индустрија, на КП бр. 1541/14, КО Караслари, Општина Велес.

Повеќе...

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ - „ВЕЛЕС- ГРАД НА КУЛТУРАТА 2015“

Велес град на културата 2015 - динамика за настани за месец АПРИЛ

  • 01.04, среда, Манифестација АПРИЛИЈАДА
    Почеток: 11 часот
    Место: Младински парк
  • 02.04, четврток, Гостување на Охридски театар во рамки на „Велес-Град на културата 2015“, 20ч
    „ДЕТЕКТОР ЗА ЛАГИ“ од Василиј Сигарев
    Режија: Ненад Витанов
    Место: Театар „ЈХК-Џинот“

Повеќе...

Соопштение - Забрана на вода за пиење од природни чешми

Општина Велес ги информира граѓаните дека водата за пиење од природните чешми на територијата на Општина Велес е со непостојан квалитет и не е погодна за пиење согласно прописите за безбедност на водата.

Единствено водата од градскиот водоснабдителен систем и природната чешма во Башино село се со квалитетна и здравствено безбедна вода за пиење.

Повеќе...