Соопштенија

Општина Велес организира Пролетен еко хепенинг

Почитувани сограѓани,
По повод Денот на пролетта 21-ви март и деновите на екологијата поврзани со овој датум, Ве известуваме дека Општина Велес организира Пролетен еко хепенинг. Настанот е предвиден за 20.03.2015 година (петок) во периодот од 12-13 часот во Младинскиот парк.

Повеќе...

Соопштение - термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач за месец март

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14 и 166/14) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 26 март 2015 година (четврток) во 18 часот. Испитот ќе се одржи во просториите на Општина Велес.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Велес најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.

СООПШТЕНИЕ - Стручната расправа по Нацрт Измена и дополна на ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за дел од УЕ 4, УБ 32 и УЕ 9 УБ47

Врз основа на член 23 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

Повеќе...

МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ГОСТУВА ВО ВЕЛЕС СО „ПЕТРЕ И ВОЛКОТ"

Македонската филхармонија во петок (6 март) ќе гостува во Велес, каде што под диригентство на маестро Борјан Цанев ќе се претстави со симфониски концерт наменет за најмладите. Оркестарот ќе настапи во новиот велешки театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, кога со почеток во 17 часот ќе ја изведе популарната оркестарска свита „Петре и волкот“.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК - до сите здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес, за изработка на Правилник

Комисијата за користење на простории од страна на здруженија на граѓани и фондации, при Советот на Општина Велес подготви предлог Правилникот за користење на простории сопственост на Општина Велес од страна на здруженија, фондации и сојузи од Општина Велес.

Повеќе...

КОНКУРС - за делегирање на надлежноста на Општина Велес за реализирање на Оперативниот план за родова еднаквост на здружение на граѓани

Врз основа на Одлуката за делегирање на надлежноста на Општина Велес од областа на социјалната заштита за реализирање на Оперативниот план за родова еднаквост на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.2/15) и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за реализирање на Оперативниот план за родова еднаквост на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.3/15), Градоначалникот на Општина Велес, распишува

КОНКУРС
за делегирање на надлежноста на Општина Велес за реализирање на Оперативниот план за родова еднаквост на здружение на граѓани

Повеќе...

КОНКУРС - за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната „Детски Рацинови средби“ на здружение на граѓани

Врз основа на Одлуката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната манифестација „Детски Рацинови средби“ на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.2/15) и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната манифестација „Детски Рацинови средби“ на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.3/15), Градоначалникот на Општина Велес, распишува

КОНКУРС
за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната „Детски Рацинови средби“ на здружение на граѓани

Повеќе...

КОНКУРС - за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната „Рацинови средби“ на здружение на граѓани

Врз основа на Одлуката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната манифестација „Рацинови средби“ на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.2/15) и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната манифестација „Рацинови средби“ на здружение на граѓани („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.3/15), Градоначалникот на Општина Велес, распишува

КОНКУРС
за делегирање на надлежноста на Општина Велес за организирање и реализирање на културната „Рацинови средби“ на здружение на граѓани

Повеќе...