Соопштенија

Изгубени се лични документи

Изгубени се лични документи (пасош, лична карта и возачка дозвола) на име Colas Beaugé (КОЛА БУЖЕ) од Република Франција. Се молат чесните наоѓачи документите да ги достават во СВР Велес или во Општина Велес кај лицето Јадранка Стефкова (канцеларија 232 406/локал 114, мобилен 070 302 219).

ИЗВЕСТУВАЊЕ - Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ДУП за дел од УБ 49, УЕ 9

 

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:


ИЗВЕСТУВАЊЕ

за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Детален урбанистички план за дел од УБ 49, УЕ 9 од Генерален урбанистички план на град Велес, опфат помеѓу улица Димко Најдов, јужна граница на КП 10056 и граница на ГУП, Локалитет Димко Митрев (стар погон), КО Велес, Општина Велес, плански период 2014-2019 год.

Повеќе...

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА - викенд населба, во КО Башино Село и КО Новачани

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Нацрт Урбанистички план вон населено место за изградба на комлекс со намена, А4 - времено сместување - викенд населба, во КО Башино Село и КО Новачани, Општина Велес плански период 2014-2024 год.

Повеќе...

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА - Нацрт ДУП за УЕ 1, УБ 3

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Детален урбанистички план за УЕ 1, УБ 3, Општина Велес, плански период 2014-2019 год.

Повеќе...

Соопштение - термин за полагање на испит за сертификат за автотакси возач

Соглaсно член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/04,127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14 и 166/14) и член 4 од Правилникот за постапката и програмата за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот за автотакси возач, („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/14), Општина Велес закажува испити за полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси возач на 23 јануари 2015 година (петок) во 18 часот. Испитот ќе се одржи во просториите на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава до Општина Велес најдоцна 2 дена пред одржувањето на испитот.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Надмината граничната вредност на суспендирани честички во амбиенталниот воздух за мерното место Велес 2

Врз основа на Извештајот од Министерството за животна средина и просторно планирање согласно кој е надмината граничната вредност на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во амбиенталниот воздух за мерното место Велес 2, во текот на 5 последователни денови (од 03.01.-07.01.2015г.), Градоначалникот на Општина Велес ја информира јавноста дека се измерени следните концентрации на суспендирани честички изразени во µg/м3:

03.01.2015 – 127.36 µg/м3
04.01.2015 – 121.54 µg/м3
05.01.2015 – 51.58 µg/м3
06.01.2015 – 63.06 µg/м3
07.01.2015 – 50.48 µg/м3

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Согласно Законот за јавните патишта, Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, Законот за јавна чистота, Законот за заштита и спасување и Законот за управување со кризи, а врз основа на Програмата за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2014/2015 година, за расчистување на остатоците од снег и мраз потребно е да се вклучат:

Повеќе...