Соопштенија

СООПШТЕНИЕ За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог измена и дополна на ДУП УБ 8, Општина Велес

Граници на опфатот се :

  • На исток ја сече КП 1189 и КП 1202 и се граничи со КП 1159/1 се до јаужната граница
  • На север ја сече КП 10301, КП1188 и КП10 300 и се движи долж осовината на ул. „Васа Кошулчева“
  • На На запад ја сече КП 10303/2 и се движи долж ул. „ АСНОМ“ (поранаешна ул. „Моша Пијаде“, каде ја сече КП 10303/1 се до јужната страна

            Опфатот е со површина од 5.92 ха.

Повеќе...

Граѓаните добија нов уреден простор

Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен“ на ул. „Христо Узунов“ изврши подигнување на нова зелена површина, а дел од просторот e адаптиран во паркинг простор.

Повеќе...

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2018 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 17/07), Комисијата  за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2018 година.

                       

1.Награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство.

 2.Наградата не е деллива.

 3.Предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ може да поднесе секој граѓанин на Општина Велес и самиот студент.

-Предлозите мора да бидат образложени.

 4.Кандидатот за награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ треба да ги исполнува следните услови:

  • да е жител на Општина Велес;
  • да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 9,5.

 

Кон предлогот се доставува:

  • уверение за предвидени и положени испити издадено од факултетот;
  • копија од лична карта и индекс,
  • копии од дипломи, награди, сертификати, објавени трудови.

5.При одлучувањето Комисијата за општествени дејности ќе се раководи од следните критериуми:

  • Редовно континуирано студирање.
  • Просекот во редовното студирање да е над 9.50.
  • Учество или освоени награди на државни и меѓународни натпревари.
  • Објавени стручни трудови од областа за која се оспособува.
  • Учество на државни конгреси или проекти.
  • Учество на меѓународни конгреси или проекти.

 

Предлозите се доставуваат до Совет на Општина Велес, со назнака за Комисија за општествени дејности на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес или лично, најдоцна до 31 октомври 2018 година.

 

                                                               Претседател

                                    на Комисијата за општествени дејности,

                                                     Максут Бакиовски  с.р

Иницијатива за најстудент

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2018 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 7/97; 7/01) и Одлуката за востановување награда за животно дело - „Гемиџии“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.4/03), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2018 година.

Повеќе...

Сопштение до граѓаните - Старт на акцијата „Чист град 2018“

На ден 10 октомври 2018 година (среда), стручните служби на Општина Велес во соработка со МВР-Полициска станица за безбедност на сообраќајот на патиштата - Велес ќе ја започнат акцијата „Чист град 2018“

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“

 ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО

за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијатa „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“ презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство.

Повеќе...

Известување за градежни активности на улицата „Киро Рогужаров“

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека од денес, 24.09.2018 (понеделник) на улица Киро Рогужаров ќе се изведуваат градежни работи за санирање на ударни дупки на улицата со завршен слој бетон. Градежните работи ќе се изведуваат  од потегот – спој на ул Киро Рогужаров – Вера Циривири до спој Киро Рогужаров – Димитар Влахов.

Повеќе...

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), Градоначалникот на Општина Велес објавува: 

Ј А В Е Н  П О В И К

 за  доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Повеќе...