Меѓународно културна манифестација- Рацинови средби |
Од 1964 година, Велес е домаќин на поетите од Балканот кои, во родниот град на основоположникот на современата македонска поезија и литература Кочо Рацин, го слават битот на поетскиот збор. Покрај презентацијата на поетското творештво во рамките на Рациновите средби се одржуваат и научни собири посветени на животот и творештвото на Рацин. На манифестацијата традиционално се доделува Рациново признание за најуспешно литературно остварување помеѓу две манифестации како и Почесното Рациново признание кое се доделува за научни трудови, преводи и други дела посветени на творештвото на Кочо Рацин. Секоја година манифестацијата се збогатува со разни содржини како настапи на музички уметници, изложби, саеми на книги. На нив учествуваат музичари и групи од Македонија и од соседството. Наградениот автор добива статуетка Кочо Рацин изработена од скулпторот Томе Серафимовски. Статуетка што се доделува на Рациновите средби
ДЕНОВИ Како на вратот ѓердани ниски камења студени, Денови ли се - денови аргатски маки големи! Роди се човек - роб биди роди се човек - скот умри, За туѓи бели дворови копај си црни гробови!
|