Заврши акцијата за доделување на хуманитарна помош во прехрамбени пакети на 54 социјално загрзозени семејства од градот.

ОЈУДГ „Димче Мирчев” ја донираше храната за овие пакети, изборот на семејства го изврши Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, а хуманитарната акција која започна минатиот петок и заврши денес ја спроведуваа мобилните тимови на Општинската организација на Црвен крст и Општина Велес.

Хуманитарната акција е со цел да се помогне на социјално ранливите категории на граѓани во овој период на прогласена вонредна состојба, односно да се излезе во пресрет на најпогодените сограѓани.