Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 11 октомври, Денот на народното востание и Денот на борецот.

На овој ден се одбележуваат 80 години од славното историско народно востание и не потсетува на сите борци, знајни и незнајни, кои учествувале во вооруженото антифашистичко народноослободително востание и ја извојувале долгопосакуваната слобода во која сите ние денеска живееме. Не потсетува на нивната решителност и пожртвуваност за слобода и создавање на самостојна и независна држава.

Затоа оддаваме најдлабока почит кон нив, на овој празник што претставува симбол на идеалот за слобода и правда. Придобивките од македонската револуционерна борба не обврзуваат сите да продолжиме да чекориме по патот на правдата и вистината и да ја градиме нашата држава како современа, демократска и правна држава, во која секој граѓанин има еднакви можности за достоинствен и примерен живот.

На овој голем празник да не го заборавиме заветот што ни го оставија нашите претци, гордо и достојно да го чуваме ова парче земја за која тие ги положиле своите животи. Честит празник!

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски