Едукативни работилници чија целна група се младите, Општина Велес ќе одржи во наредните десетина дена. Теми на работилниците ќе бидат врсничкото насилство, булингот,инклузија и конструктивни наративи и менталното здравје кај младите како предизвик на новото време. Тие се реализираат со цел да се поттикнат локални младински политики и младински активизам.

Овие активности се имплементираат во рамките на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“. Проектот е финансисран од Фондот за мир на Обединетите нации а се имплементира од страна на Општина Велес и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со УНФПА, УНЕСКО и UN Women.