Општина Велес ја известува јавноста дека во текот на денешниот ден, 29.10.2021 година, ќе започне со спроведувањето на есенската дератизација на Велес како општа мерка за заштита на населението од заразни болести.

Овие мерки се  предвидени во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствена заштита за 2021 година.

Процесот на дератизација се спроведува во два наврати во годината, на пролет и на есен. По завршената тендерска постапка, надлежностите за дератизација ги доби фирмата „Лиса ком МК”, Кавадарци.

Во следните два дена ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот, како и двата брега на реката Вардар, од Башино село до компанијата „Агриа”.

Општина Велес ја известува јавноста дека материјалот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. Со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, за употреба во јавната хигиена, не преставува опасност за останатиот животински свет.