Во просториите на општина Велес денеска се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Велес со кој дополнително се унапредија правата на вработените од работен однос. Колективниот договор го потпишаа градоначалникот Марко Колев од една страна  и претставникот на Синдикатот на УПОЗ, генералниот секретар Бојан Трипуноски по овластување на претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Велес Магдалена Спасева, од друга страна.

Со овој Колективен договор се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платени и неплатени одсуства, надоместоци на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додаток на плата за учество во комисии, право на еднократен надомест итн.

Претставникот на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски истакна особено задоволство од соработката и потпишувањето на договорот и што Општина Велес влегува во групата на општини  кои имаат потпишано Колективен договор како и за искажаната волја на градоначалникот Колев за унапредување и грижа за правата на вработените.