Се известуваат граѓаните на Велес дека од денеска (четврток) 28.04.2022 година започнува реконструкцијата на тротоарот на улица „Илинденска“ и тоа на десната страна на тротоарот во правец кон мостот „Гемиџии“.

За изведувањето на градежните работи ќе се користи механизација од различен вид  и ќе биде ппставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се замолуваат граѓаните да ги почитуваат поставените знаци околу градилиштето и да покажат трпение и разбирање за време на изведување на градежните  зафати.

Реконструкцијата на тротоарот ќе се изведува 10 дена.