Со донации во велосипеди, топки, спортски реквизити, маички и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денес продолжија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2022.

Подигнувањето на свеста кај децата од најрана возраст дека возењето велосипед и спортувањето влијаат позитивно на нивното здравје и на заштита на животната околина се две одлични причини да спортуваат во текот на нивниот живот.

Донациите, во рамки на активностите за одбележување на ЕНМ 2022 беа поделени во ОЈУДГ „Димче Мирчев” и во сите општински основни и средни училишта во градот.

Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „ Виталиа Никола ДОО”, „Витал БТ”, „Базаро”, „Интерспорт”, „Спорт М” и „Алкалоид АД“ Скопје. Додека пак помагатели и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2022 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Скопје, волонтерите на Младински центар, Велес, ЗГ „Велес бајкинг”, ИО „Димитар Влахов”, МВР-СВР Велес, како и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Општина Велес ќе ја заокружи Европската недела на мобилност 2022 утре, 22 септември, кога ќе се одбележи меѓународниот Ден без автомобили. Настанот ќе се одржи на затворената за сообраќај улица „Никола Карев” и во дворот на ООУ „Васил Главинов”.

Детални информации за секој настан можат да се најдат на официјалната веб страница на Општина Велес.