Се гради спортско-рекреативниот комплекс во населба Дворови. Градежните работи се во тек и се одвиваат според предвидената динамика. Граѓаните ќе добијат уште едно модерно и функционално катче за спорт и рекреација. Проектот опфаќа уредување на спортски рекреативни површини и поставување на урбана опрема.

Средствата за реконструкција се обезбедени во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, преку кофинансирање на Општина Велес и Бирото за регионален развој.