„Девојките“ од Велес со своите хитови настапија на „Велешко лето 2021“. Концертот го одржаа во амфитеатарот на Младински парк. Ја воодушевија публиката со својот настап а таа ги награди со силен аплауз.

Во бендот членуваат Наталија Мејанџиева, Моника Ѓорѓиева и Сандра Јованова. Во нивното музичко портфолио се вбројуваат настапи на бројни фестивали а со авторска композиција „Боите на љубовта“ настапија на „Макфест“ во 2017 година. На фестивалот ја добија наградата „Најдобри дебитанти“.

Неодамна „The chicks“ го снимија својот прв албум насловен „Тravellers“. Автор на музиката е Александар Чекреџи – Чекре, текстовите се на „The Chicks”, албумот е снимен во студиото на Александар Ристовски – Принц.

Настанот се одржа во согласност со мерките и препораките за заштита од Ковид 19.