Изминативе денови интензивно се работи на реконструкција на објектот на поранешната народна кујна, кој е предвиден за Иновациски Хаб за млади таленти од ИТ секторот. Овој Хаб ќе биде уште едно одлично место за развој на нивните вештини .
Дополнително, во село Оризари е завршена и втората линија од фекалната канализациона мрежа која ја работевме заедно со тамошната месна заедница, со што придонесуваме за рамномерен развој на сите делови од Општината.