На денешната прес конференција градоначалникот Коцевски го најави почетокот на втората по ред Меѓународна Скулпторска колонија „Велес 2020”.

Истата, која ја носи главната идеја и порака како и минатогодишната, заштитата на животната средина, ќе се одржи од 9 до 22 октомври 2020 година.

„Скулптурите ќе бидат изработени од отпадно железо и мермер. Тие се доказ дека отпадот може да биде искористен на најдобар можен начин – да се реупотреби и намени, со што ќе биде претворен во уметничко ремек дело и ќе го претставува новиот естетски лик на градот”, изјави Коцевски пред медиумите.

За потребите на Скулпторската колонија, Општина Велес обезбеди 400. 000, 00 денари од општинскиот буџет, а поддршка од 200. 000, 00 денари даде Министерството за култура.

Учесници на овогодинешната Меѓународна скулпторска колонија ќе бидат Илко Стојановски од Велес, кој е и координатор на Скулпторската колонија, Никола Пијанманов, Струмица, Горан Стаменков, Скопје, Андреј Миновски, Скопје, Тоше Јовановски, Велес, Иван Ковачалиев од Република Бугарија и Ангел Коруновски од Велес.

Уметничките дела кои ќе произлезат од креативните раце на учесниците, свечено ќе бидат откриени за време на одбележувањето на 9 Ноември, Денот на ослободување на Велес.

На прес конференцијата присуствуаат и дел од учесниците на годинешната Скулпторска колонија, Илко Стојановски, Иван Ковачалиев и Андреј Миневски, кои го изразија своето задоволство од можноста да творат и да создадат дела кои ќе го красат Велес. Додека пак Градоначалникот во името на Советот на Општина Велес и на сите жители на Општина Велес на сите седуммина автори им посака лесни творечки денови.

Поради актуелната ситуација со пандемијата предизвикана од Корона вирусот и заштита и превенција од ширењето на Ковид-19, оваа година учесниците ќе работат во домашни услови, односно во своите лични атељеа, истакна Коцевски.