Завршија конзерваторските работи на живописот во Припратата на манастирската црква Св.Димитрија. Градоначалникот Марко Колев денеска се запозна со екипата на Конзерваторски центар која работеше на живописот од XIX век.

При чистењето на живописот, во наосот во црквата откриен е постар живопис кој според квалитетот  е живописуван пред XIX век.

Во Припратата откриен е живопис на кој покрај  портретот на  ктиторот на црквата, со моделот на црквата во левата рака, представени се сцени од Страшниот суд.