1. За планскиот документ изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 255, КП 256 и дел од КП 73/1, КО Чалошево, Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15 и 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за  планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 255, КП 256 и дел од КП 73/1, КО Чалошево, Општина Велес нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
  • Донесувањето на планскиот документ е од локално значење и опфаќа мала област со вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници 0 ха.
  • Според горе наведената планска документација на предметниот простор има предвидено намена:

– E – Инфраструктури

– E3.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани

Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина.

4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.


Одлука
Синтезен