Со верификација на мандатот, членот на Советот се стекнува со права и должности утврдени со закон, статутот на општината и овој деловник.

 

Заради вршење на својата должност, членот на Советот има право од Градоначалникот, општинскaта администрација, јавните служби, установи и претпријатија, основани од Општината и од други институции да бара податоци што му се потребни за неговата работа во Советот.

Член на Советот доколку има потреба може да изврши увид во документацијата која се однесува на точка што е на дневен ред пред започнување на седницата на  надлежната комисија кога се разгледува точката.

Членот на Советот, кој од страна на Советот е избран за член на органите на управување на јавните служби, установи и претпријатија, основани од Општината не може да учествува во одлучување на седницата на Советот за прашања што се однесуваат на јавните служби, установи и претпријатија во чии органите на управување е избран.

Членот на Советот има право и должност да присуствува на седниците на Советот, постојаните и повремените комисии и тела во кои членува и да учествува во работата и одлучувањето.

Членот на Советот има право да присуствува и на седниците на комисиите во кои не е член, како и право да учествува во нивната работа, но без право на одлучување.

Членот на Советот има право на седниците на  Советот:

-да ги изнесува предлозите и мислењата на граѓаните и да му предлага на Советот заземање ставови од надлежност на Советот за тие предлози и мислења;

-да дава иницијативи за донесување на прописи од надлежност на Советот, како и да поднесува амандмани на предлозите на прописите;

-да иницира распишување референдум за решавање на прашања од интерес за Општината, како и за претходно изјаснување на граѓаните за одделни предлози на одлуки или за нивно потврдување;

-да предлага расправање на прашања во врска со состојбата во дејностите за кои Општината основала јавни служби, установи и претпријатија, како и прашања во врска со остварувањето на надзорот над нивната работа;

-да предлага претресување на прашања, појави и состојби што се од значење за определена дејност, како и од значење за граѓаните;

Членот на Советот има право на Градоначалникот и на раководните органи, односно членовите на органите на управување на јавните служби, установи и претпријатија што ги основа Општината, да им поставува прашања (советнички прашања) што се однесуваат на нивната работа или на работата од нивна надлежност, односно од надлежност на органите, службите, установите и претпријатијата.\

На член на Советот му престанува мандатот во случаите утврдени со закон.

Членот на Советот има право да поднесе оставка и да ја образложи.

Оставката   му   се   поднесува   на претседателот кој ја проследува до членовите на Советот.