Марко Колев е роден на 13.04.1984 година во Велес. Основното образование го завршува во ООУ ,,Благој Кирков” во Велес, а во родниот град го завршува и средното образование во ССОУ ,,Коле Неделковски”. Високото образование го продолжува и успешно го завршува на Природно – математички факултет – насока Географија, при УКИМ – Скопје. Колев е татко на две малолетни деца.
Биографски податоци:
Кариера
Од 01.10.2009 година е вработен во Центарот за развој на Вардарски плански регион на позиција Советник, а од средината на 2013 година е назначен за Раководител на Вардарскиот плански регион. Во својот мандат како раководител на институцијата реализира и имплементира над 100 проекти во општините Велес, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Лозово и Свети Николе.
Истите проекти се финансирани од Министерства, Агенции, Бироа основани од државата, како и од Меѓународни агенции, Амбасади и од фондовите на Европската Унија. Поголем дел од проектите се инфраструктурни, со регионално значење и имплементирани во општините на Вардарскиот плански регион.
Професионален развој:
Одржува блиска соработка со Стопанската комора и Сојузот на стопански комори на Македонија. На негова иницијатива се отвара и првата канцеларија на Стопанската комора на Македонија во Велес со која имплементираат голем број на проекти.
Голем дел од времето посветува и на соработката со НВО секторот, како и со бизнис секторот од регионот.
Учесник е во организациониот одбор за организирање на Велешката Питијада во која зема учество 8 години и одборот за основање на ГРК Борец во која зема активно учество 4 години.
Награди и признанија:
За успешната работа, лично тој и институцијата со која раководи се наградувани со голем број признанија за посебни заслуги и придонеси за развојот на општините, а не изостануваат и наградите од неколку меѓународни Агенции.