КОНТАКТ ИНФО

Адреса:
ул. Д-р Христо Татарчев бр.3, 1400 Велес
Работно време:
Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30часот
Телефон (централа):
043 231 337
Телефон (факс):

Е-пошта
dudlazarlazarevski@yahoo.com
Веб страна
www.oudlazarlazarevski.edu.mk


ОПШТИНСКИ УЧЕНИЧКИ ДОМ „ЛАЗАР ЛАЗАРЕВСКИ“

ОУД “Лазар Лазаревски” Велес е воспитно – образовна установа за прифаќање на редовните ученици од четирите средни училишта во градот, и тоа од „Јовче Тесличков”, „Коле Неделковски”, „Димитрија Чуповски” и Гимназија „Кочо Рацин”. Тој е наменет за ученици од различни возрасти и степени на образование кои имаат потреба од домско сместување (кои се школуваат надвор од местото на живеење).
Домот својата работа ќе ја заснова врз основа на:

  • План и Програма за воспитно – образовна дејност во ученичките домови донесена 1999г. од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија
  • Законот за ученички стандард (Сл. Весник на Р.Македонија бр. 52/05)
  • Статутот на ОУД “Лазар Лазаревски” – Велес донесен 2008 г.

Основната дејност на домот е воспитание и образование, реализирани преку наставни планови и програми кои се одредуваат со законски прописи на МОН и БРО на Република Северна Македонија.
Воспитно – образовната дејност на Домот се одвива според План и Програма, која по предлог на БРО ги донесува Министерот, ќе се изготвува со непосредно учество на учениците, воспитувачите, стручните соработници и непосредната општествена заедница.

НАШАТА МИСИЈА
Ученичкиот дом предводи и поттикнува промени кои се патоказ за креативна, здрава и образована личност.

НАШАТА ВИЗИЈА
Учењето, хармонијата и просперитетот на учениците од нашиот ученички дом кон посветла иднина



ГОДИШНА ПРОГРАМА

Годишна програма за работата на Општински ученички дом „Лазар Лазаревски“ за 2019/20 година Превземи документ


ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

Годишен извештај за работата на Општински ученички дом „Лазар Лазаревски“ за 2018/19 година Превземи документ


ГОДИШЕН ФИНАНСОВ ИЗВЕШТАЈ И ЗАВРШНА СМЕТКА

Годишен извештај за работата и завршна сметка на Општински ученички дом „Лазар Лазаревски“ за 2019 година Превземи документ