ПРЕГЛЕД НА ПРОЕКТИ 2020 ГОДИНА




ПРЕГЛЕД НА ПРОЕКТИ 2019 ГОДИНА

Рб. ПРОЕКТ ОПИС ДОНАТОР ВКУПНА СУМА МКД УЧЕСТВО НА ОПШТИНА ВЕЛЕС МКД УЧЕСТВО НА ДОНАТОРОТ  МКД РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА

СТАТУС во Тек
завршен
одложен

1 „СМАРТ Езеро Младост- Прва иновативна туристичка атракција во Македонија” Проект финансиран од ЕУ преку ИПА Раководен од Светска банка (ЛРЦП) Проектот е интегрирана целина од инфраструктурни зафати, набавка на опрема, активности за сигналитика и активности за туристичка промоција”. Со проектот Велес и регионот ќе добијат пешачка патека покрај езерото долга 750 метри, еко камп со 7 куќички од дрво во форма на вински буриња како симбол на македонскиот вински пат и парк за авантури за деца во рамките на кампот.Ќе се подобри пристапот до угостителските објекти и ќе се воведат СМАРТ елементи: велосипеди, паркинг, канти за отпадоци и клупи. Целта на проектот е развој на прва СМАРТ транзитна дестинација во државата. Европска Унија ИПА Спроведуван од Проект за локална и регионална конкурентност на Светска банка -ПРЛК 61.972.091 6.466.336 55.505.755 31.12.2019 Во тек
2 Асфалтирање на постоечки земјен локален пат помеѓу селата Сливник и Бузалково Со асфалтирањето на патот во должина од од 3.380 метри ќе се подобри патната инфраструктура и квалитетот на живот на жителите на селата Сливник и Бузалково. Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој АФПЗРР Мерка 321 за рурален развој/ 23.599.600 3.600.000 19.999.600 Во тек
3 Изградба на патен правец с.Сливник -с.Бузалково Средствата од проектот ќе се икористат за изградба на дополнителни 881 метар асфалтен пат со што ќе се заокружи патната инфраструктура помеѓу селата Сливник и Бузалково и ќе се обезбеди подобра инфраструктура за жителите Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој АФПЗРР Мерка 321 за рурален развој/ 12.230.553 1.865.678 10.364.875 31.12.2019 Во тек
4 Изградба на улици низ село Сливник- Со проектот ќе бидат изградени улици во село Сливник во должина од 1 км со што ќе се подобри квалитетот на живот во селото. Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој АФПЗРР /Мерка 322 за рурален развој 8.310.563 1.267.713 7.042.850 31.12.2019 Во тек
5 Асфалтирање на постоечки земјен пат до локалитет Пешти – финансиран од АФПЗРР преку мерка 323 за рурален развој Со проектот ќе се овозможи подобар пристап до локалитетот Пешти- карактеристичен пејсаж на подрачјето на Општина Велес. Целта на проектот е поттикнување развој на туризмот Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој АФПЗРР Мерка 323 за рурален развој/ 15.791.846. 2.408.926 13.382.920 31.12.2019 Во тек
6 Велес без бариери Изградба на лифт во јавен објект и порамнување на ивичњаци на тротоари за пристап на инвалидизирани лица. Целта е олеснување на пристап за лица со ограничена мобилност до урбаната инфраструктура Програма за развој на Обединетите нации УНДП 2.800.000 0 2.800.000 31.12.2019 Во тек
7 Реконструкција на кров на ОСУ „Јовче Тесличков” Со реконструкцијата ќе се подобрат условите во училиштето и ќе се отстранат штетните азбестно-цементни плочи Меѓународна банка за обнова и развој/Министерство за финансии /Грант за добро спроведен проект. 6.504.691 3.414.237,00 3.090.454,00 31.12.2019 Во тек
8 Водоводен систем во индустриска зона „Мамутчево” Целта на проектот е подобрување на комуналната инфраструктура во ИЗ „Мамутчево” и зајакнување на капацитетите на општината за привлекување на инвестиции Биро за регионален развој – Програма за рамномерен регионален развој за 2019 (заедно со ВПР) 5.468.057 9.663.076 31.12.2019 Во тек
9 Изградба на улица бр 5 во село Иванковци Со проектот ќе биде изградена улицата бр. 5 во село Иванковци во должина од 190 м,со што ќе се подобри квалитетот на живот во селото. Биро за регионален развој за развој на селата 1.262.642 630.184 632.458 31.12.2019 Во тек
10 Изготвување на техничка документација – проект за пречистителна станица во село Сливник Сретствата од проектот ќе се искористат за подготовка на неопходната техничка документација за изградба на пречистителна станица во село Сливник Министерство за животна средина и просторно планирање 400.000 0 400.000 31.12.2019 Во тек