Политика за интегритет на Општина Велес Превземи документ
Почитувани граѓани, Општина Велес отвори електронско пријавување на мито и корупција во Општина Велес.
Анонимноста и дискрецијата на корисниците е важен услов за граѓаните да се охрабрат и да бидат наши сојузници во борбата против корупцијата.
Воедно, граѓаните ќе може да поднесат пријава анонимно по електронски пат преку веб-страницата на Општина Велес www.veles.gov.mk или со испраќање e-mail на следнава адреса: prijavikorupcija@veles.gov.mk
Заинтересираните службеници и граѓани можат да контактираат и со овластеното лице за заштитено внатрешно пријавување Анита Пивкова на следните контакти е-пошта: anita.pivkova@veles.gov.mk или на телефон 078/394-547.
Целта на проектот „Пријави корупција“ е спречување и превенција на ризиците од корупција, како систем за ефикасна превенција во борбата против корупцијата.
ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВА НА КОРУПЦИЈА