Органи на Општината се: Совет на Општината и Градоначалник на Општината (во понатамошниот текст: Совет и Градоначалник).
Советот е претставнички орган на граѓаните.
Советот го сочинуваат 23 (дваесет и три) членови – претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.
Мандатот на членовите на Советот трае 4 (четири) години,
Членот на Советот не може да биде отповикан.
Советот избира претседател од редот на членовите на Советот, со мандат од четири години.
Претседателот на Советот ги свикува и раководи со седниците на Советот, се грижи за организацијата и работата на Советот , ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од 3 ( три ) дена од денот на нивното донесување ги доставува на Градоначалникот заради објавување.
Претседателот на Советот го преставува Советот.
Членовите на Советот даваат и потпишуваат свечана изјава која гласи:
Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и должностите на член на Советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија”.
Советот на Општината ги врши следните работи:
- Го донесува Статутот на општината и други прописи;
- Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
- Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на Општината, во рамките утврдени со Закон;
- Основа јавни служби во рамките на надлежноста на Општината и врши надзор над нивната работа;
- Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
- Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала Општината;
- Ги усвојува извештаите за извршување на Буџетот и Годишната сметка на Општината;
- Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со Закон;
- Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала Општината;
- Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на Општината;
- Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на Буџетот на Општината, во согласност со Закон;
- Го избира лицето кое раководи со Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во Општината, во согласност со Закон;
- Го разгледува и усвојува Годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на Општината, кој го доставува до министерот за внатрени работи и Народниот правобранител;
- Може да дава препораки на раководното лице на Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот;
- Врши и други работи.
- Доколку Советот не ги усвои извештаите, може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред надленжиот орган за надзор.
- Раководното лице е избрано ако за него гласале мнозинство од сите совети на општините, кој ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.