Членовите на Советот имаат право и должност да присуствуваат и да учествуваат во работата на Советот и на неговите постојани или повремени комисии.
Членовите имаат право на седницата на Советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на Градоначалникот.
Членот на Советот неможе да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Советот.
Работодавецот е должен да го ослободи од професионална работа членот на Советот заради присуство на седниците на Советот или на комисиите во кој е член.
Членовите на Советот имаат и други права и должности утврдени со Статутот и други прописи во согласност со овој Закон.

Членот на Советот неможе да учествува во процесот на одлучувањето со прашања во кои тој и неговиот брачен другар, дете или роднина до втор степен странична линија има финансиски или други личен интерес.
Членот на Советот е должен да го информира Советот за прашањата за кој тој има финансиски или друг личен интерес.
Членот на Советот, неможе да биде вработен во општинската администрација на Општината во која е избран.
Со денот на вработувањето согласно став 3 на овој член ќе се смета дека членот на Советот поднел оставка.
Членот на Советот вработен во јавните служби кои ги основала Општината, неможе да учествува во процесот на одлучувањето за прашања што се однесуваат на јавната служба во која е вработен.

На членот на Советот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран:

  • ако поднесе оставка; 
  • во случај на смрт; 
  • ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење од над 6 месеци; 
  • ако настапи случај на неспојливост со функцијата член на Советот согласно со Законот за локалните избори; 
  • ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност и 
  • ако престане да биде жител на Општината. 

Советот на првата наредна седница, ќе ја констатира причината и денот на престанување на мандатот на членот на Советот

На членот на Советот може да му биде одземен мандатот ако неоправдано отсуствува од три седници на Советот по ред.
За оправданоста на отсуството од ставот 3 на овој член одлучува советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.