Почитувани велешани, почитувани мои сограѓани,
Чест и гордост ми е што ми ја дадовте довербата да станам Градоначалник на Велес, да го водам во наредните четири години. Како ваш сограѓанин, кој се родил, израснал и формирал семејство во Велес, каде што ми се сите пријатели, другари и роднини, се обврзувам дека ќе ја вложам целата своја енергија, целото мое знаење и искуство за просперитетен Велес.
Велес е мојот град! Велес е градот кој го сакам! Велес ќе биде поубаво место за живеење!
Да се биде Градоначалник е голема привилегија, голем предизвик, а пред сè и голема обврска. Обврска кон минатото, кон Гемиџиите, кон Рацин, Жинзифов. Но, уште поголема обврска кон сегашноста. Јас сум подготвен да ги менувам работите, да работам чесно и одговорно и пред сè транспарентно и отчетно.
Со домаќинско работење, заедно со вас и со поддршка и соработка со домашните и меѓународните институции, ќе го направиме Велес подобро место за живеење за сите генерации, град со одржлив развој, силна економија, град со сигурна иднина.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Марко Колев